Во Куманово ноќеска паднаа 3 цм снег
12.01.2015 09:28
| KumanovoNews
Во Куманово ноќеска наврнаа 3 цм снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локален снег со послаб интензитет. Околу пладне облачноста ќе се намали, врнежите ќе престанат насекаде и ќе преовладува умерено облачно и студено време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе биде и до 70 километри на час. Во Куманово денеска дневните температури ќе се движат околу 3, а утре околу 4 степени.