×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ноќеска измерени -4 степени

    18.12.2023 11:10 | Сузана Николиќ

    Во Куманово ноќеска најниската температура изнесуваше -4 степени Целзиусови. 

    Во Куманово ноќеска измерени -4 степени

    Најстудено било во Берово -9 степени, a во Скопје, Прилеп, Маврови Анови, Крушево и Битола измерени беа – 6 степени. Во Тетово, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, Велес и Кавадарци се измерени -5, во Виница, Струмица, Дебар, Охрид и Куманово -4, во Гевгелија -2, а над нулата е само во Дојран со два степена, соопшти УХМР.

    Најмногу снег има во Крушево 32 сантиметри, 15 во Пожаране и 7 во Берово.

    Времето денеска ќе биде сончево. По одделни котлини претпладне магливо, или со ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

    Во Скопје утрото студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени.