×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се одбележа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

    04.02.2023 13:56 | Ивана Алексовска

    Во Кумановската гимназија денеска се одбележа 151- годишнината од раѓањето на патронот и великан на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

    Во Куманово се одбележа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

    Пред бистата на Гоце Делчев, цвеќе положија претставници од училиштето, општинскиот одбор на Сојузот на борци, Здружението на армиски и полициски ветерани, Општина Куманово, Советот, претставници од политички партии, невладини организации и граѓани.

    „Денеска за нас е многу значаен ден. Го одбележуваме раѓањето на нашиот патрон Гоце Делчев за којшто се гордееме што како училиште го носиме неговото име. Секогаш се водиме од неговата мисла и се бориме на сите полиња да бидеме најуспешни. Голема благодарност до нашите ученици, коишто и за оваа пригода денеска се организираа да ги покажат своите способности во творештвото“, изјави Марија Тодоровска, директорка на Гимназија „Гоце Делчев“.

     

    На свеченоста настапија ученици со свои лични творби, како и оркестарот и хорот „Симфониум“ со песни за Гоце. 

    Гоце Делчев бил идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. век.