×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово одбележан Националниот ден на Власите

    26.05.2015 12:02 | KumanovoNews

    Здружението на Власи „Халча ал Брова“ од Куманово, во недела во ресторан Версус го одбележа Националниот ден на Власите.

    Во Куманово одбележан Националниот ден на Власите

    По тој повод се одржа работилница на тема Националниот ден на

    Власите 23-ти мај и презентација на проектот „Јазикот е наша татковина“.

    Проектот се состои од 3 фази: анкета, анализа и презентација на резултатите од анализата. Цели на проектот се подигање на свесноста за губење на влашкиот национален идентитет и интегритет и развивање на свесноста дека ако живее јазикот, живее и народот, посебно апатридскиот народ кој нема матична држава како што се Власите - изјави Александар Ташковски, претседател на Здружение на Власи „Халча ал Брова“

    Проектот е финансиран од Владата на Република Македонија.