Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во регионалниот пункт за масовна вакцинација во спортската сала во „Перо Наков“ во Куманово, до денеска се вакцинирани 13.800 граѓани од општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце.
Утре ќе се вакцинираат уште 200 граѓани и со тоа ќе се потрошат количините на кинеска вакцина кои ги доби Здравствениот дом во Куманово. Истовремено е завршена ревакцинацијата на 500 граѓани постари од 70 години, со втората доза на вакцината Фајзер.
„Во моментот се вакцинираат наставници од основните училишта и вработени во градинки и со тоа ќе завршиме со првата доза на кинеската вакцина „Синофарм. Од понеделник почнува ревакцинацијата, однсно со втората доза од кинеската вакцина. Чекаме насоки од Минситерството за здравство со која вакцина ќе продолжиме од понеделник“, изјави Снежана Јовановска, раководител на одделението за вакцинација во Здравствен дом Куманово.
Таа е задоволна како течеше процесот на имунизација, но апелира граѓаните да не доаѓаат без термин, бидејќи бројот на вакцини е ограничен и не може да бидат вакцинирани доколку не се пријавени во системот за вакцинација.
Во пунктот за масовна имунизација во Куманово дневно се вакцинираа од 1000 до 1700 граѓани, а интересот од ден на ден се зголемуваше. Тука се вакцинирааше и претседателот Стево Пендаровски.
(С.Н.)