×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се одбележа 79-годишнината од загинувањето на Христијан Тодоровски - Карпош

    07.02.2023 14:12 | Ивана Алексовска

    По повод годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош, делегации од Сојузот на борци, Општината, Советот, АРМ, невладини организации, политички партии, граѓани, положија цвеќе пред бистата во дворот на Спомен куќата на Карпош. 

    Во Куманово се одбележа 79-годишнината од загинувањето на Христијан Тодоровски - Карпош

    Пред присутните се обрати Мимоза Величковски, член на општинската организација на Сојуз на борци, која нагласи дека Куманово трајно ќе го чува споменот и делото на Карпош, кои се вткаени во денешната слобода.

    „Како што пред 20 години мојот татко го честуваше овој ден, како претседател на Сојуз на борци во НОВ, така денеска јас, а утре идните генерации. Нашиот народ не смее да го заборави народниот херој и неговото дело“, рече Величковски.

    И во основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, се одбележа  патронатот.

    Денеска во училиштето се одржа приредба, а предходно беа организирани повеќе активности. 

    „Се одржа турнир во одбојка со учество на неколку други основни училишта од градот, колегите по мајчин јазик организираа награден конкурс и колегите по ликовно организираа ликовен конкурс“, рече Мирољуб Пауновиќ, директор на училиштето.