×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово скоро 12 илјади невработени

    23.01.2023 13:24 | Сузана Николиќ

    Во Центарот за вработување во Куманово регистрирани се 11.924 невработени лица.  Од нив 6305 се жени и 5.619 мажи. 

    Во Куманово скоро 12 илјади невработени

    Најмногу невработени, вкупно 6906 се без образование и со основно образование, од нив 3830 се жени и 3076 се мажи, потоа со завршено средно 3174, од кои 1557 се жени и 1617 мажи, со високо образование 674, магистри 31 и докрот на науки 1. 

    Најмногу невработени жени има на возраст од 50 до 59 години и нивниот број изнесува 1946, од 50 до 54 години се 1745, 1290 со над 60 години и 1124 од 20 до 24 години. 

    Според националната структура први на листата на невработени се 6846 Албанци, 3821 Македонец, 869 Роми, 337 Срби, 18 Турци и др.  

    Во Центарот за вработување во Куманово се евидентираат невработени лица од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.