×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово стапуваат на сила мерки за заштита на населението поради загадениот воздух

    28.11.2020 11:40 | KumanovoNews

    Куманово е една од трите општини во државата кадешто од денеска стапуваат на сила нови мерки и препораки за заштита на населението, поради два последователни дена на опасна  загаденост на воздухот.

    Во Куманово стапуваат на сила мерки за заштита на населението поради загадениот воздух

    „Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 175 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово, Кавадарци и Куманово“, - соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање, во Куманово во среда на 26.11. изнесувал  182.16 mg/м3, додека во четврток на 27 11. достигнал  209.08 mg/m3. Горната вредност на дозволена концентрација на ПМ!) честичките во воздухот изнесува 50 mg/m3.

     Поради тоа Владата на локалните власти и работодавачите им препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

    Понатаму се препорачува на сите правни субјекти (работодавачи да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. Се пропрачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

    Владата ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на градежните објекти.

    Исто така Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвенот крст, здравствените домови и општините да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да пружат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

    Министерството за здравство треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

    Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

    Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

    Општините се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.