06. 06. 2020 16:11

Во Куманово тројца и во Липково 16 новозаболени од коронавирус, вкупно 125 во земјата

Во Куманово тројца и во Липково 16 новозаболени од коронавирус, вкупно 125 во земјата

Во последното деноноќие регистирани се 3 нови случаи заболени од КОВИД-19 во Куманово и 16 во Липково. Новозаболените се од липковските села: Матејче 12, Опае 2, Никуштак 1 и Ропаљце 1.

Од Центарот за јавно здравје од Куманово велат дека се сите од познати кластери.  Денеска се направени 70 тестирања и тоа  50 во Липково и 20 во Куманово.

Во последните 24 часа регистрирани се 125 нови случаи на КОВИД-19, направени се 1085 тестирања. По градови во:

- Скопје 46

- Kуманово 19

- Штип 17

- Прилеп 1

- Тетово 16

- Струга 7

- Велес 3

- Битола 1

- Охрид 5

- Гостивар 6

- Кочани 1

- Делчево 1

- Неготино 2

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.

- Прилеп 2

- Тетово 1

- Велес 4

- Свети Николе 1

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk