×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово улиците проодни, селските патишта се чистат

    22.03.2021 10:56 | KumanovoNews

    Во Кумановско сите магистрални, регионални, локални патишта и улици се проодни, но сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови.

    Во Куманово улиците проодни, селските патишта се чистат

      Проблеми со снегот и навеви има само на локалните патишта во селата, велат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

    „Во Куманово од синоќа на терен е механизацијата и фрлени се потребните количини на сол по улиците. Градското подрачје е релативно исчистено, тука се вклучени и јавните претпријатија, а се работа на чистење на јавните градски површини“,  вели Горан Стојановски раководител на РЦКУ.

    „Екипите за зимско одржување на улиците во вечерните часови интервенираа на коловозите распрскувајќи сол. Улиците и булеварите се проодни, а екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ вршат расчистување на тротоарите и пешачките патеки. Активно ја следиме состојбата со снежните врнежи“,  објави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Во втората фаза се чистат патиштата во селата во Которскиот регион, поточно селата Орашац, Пезово, Скачковце, Кшање, Кокошиње и др. Во третата фаза  че бидат опфатени повисоките села каде што има земјени патишта, таму ќе се интервенира во попладневните часови и во текот на утрешниот ден.

    Од РЦУК кризи велат дека досега во Кумановско немаат ниту една поплака од граѓаните во врска со непроодност на патиштата или други проблеми предизвикани од снегот.

    (С.Н.)