Во Куманово викендов казнети 166 возачи - 120 за брзо возење
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 166 возачи, од кои 120 управувалевозило со брзина поголема од пропишаната, 28 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.