×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово за 9 дена 18 пожари

    11.01.2012 09:34 | KumanovoNews

      Тоа се по две палења дневно на куќи, станови во згради, штали, плевни, фарми...

    Во Куманово за 9 дена 18 пожари

    Екипите на противпожарната единица Куманово за првите 9 дена во годината интервенирале на 18 пожари на запалени објекти. Тоа се по две гаснења дневно на запалени куќи, станови во згради, штали, плевни, фарми... Во пожар изгоре дури и новогодишната елка на Градскиот плоштад.

     Апелираме до граѓаните да водат сметка во ракување со грејните тела и електрични апарати во овој период од годината, бидејќи поради мало невнимание се трпи голема штета во семејствата-вели Дејан Илиевски, раководител на Противпожарната единица Куманово.

     Противпожарната единица и минатата година имала полни раце работа, па интервенирала на 538 пожари, што е за над 40 проценти повеќе во однос на 2010 година, кога имало регистрирано 306 пожари.

    Оваа бројка се однесува на сите видовои пожари, на куќи, објекти, моторни возила, шумски пожари, на отворен простор и секаде каде што сме биле повикани. Најголемо зголемување имаме на пожари на отворен простор, а за 20 одсто повеќе имаше и запалени објекти и куќи. Во најголем дел за пожарите е виновен човекот- додава Илиевски.

    Противпожарната единица во Куманово ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричино, а има вработено само 29 пожарникари и 8 возила и цистерни за гаснење. За да се задоволат европските стандарди потребни се 75 пожарникари за 150 илјади жители, колку што е бројот на жители на трите општини.