Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска започна вакцинацијата со комерцијална вакцина против сезонски грип.
Набавени се 500 вакцини, а само во текот на денешниот ден се вакцинирале над 150 граѓани.
И оваа година се работи за 4-валентна вакцина набавена од Холандија. Комерцијалната вакцина е намената за оние граѓани коишто не беа опфатени со бесплатната вакцинација за сезонски грип, која преку Мој термин ја обезбеди Министерството за здравство.
Иако вакцината задоцни сепак има голем интерес кај граѓаните. Се вакцинира главно помлади популација на луѓе кои имаат здравствени проблеми или кај оние што постои ризик да се заразат, затоа што имаат контакт со многу луѓе. Тука се пред се вработени во администацијата, маркет и други услужни дејности, - вели д-р епидемиолог Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.
Цената на комерцијалната вакцина е 800 денари, повисока во однос на минатата година затоа што набавната цена била зголемена. Вакцинацијата се врши во Центарот за јавно здравеје, а ќе трае додека има вакцина.