Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актерите од кумановскиот театар од денеска започнуваат со подготовка на претствата “Жена од минатото“, работена по текст на Роланд Шимелпфениг, а во режија на Нела Витошевиќ.
Во претставата играат актерите:Јасмина Василева, Игор Ангелов, Нина Максимова, Марко Трајковиќ и Александра Пешевска.
“Жена од минатото“ е трагикомедија која ја раскажува приказната на двајца сопружници кои се во брак долги години, и се појавува девојка која порано била во врска со главниот лик и сеуште е заљубена во него. Шимелпфениг е еден од најплодните и најчесто играни автори низ Европа.