×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во јавното здравство фалат специјалисти и современа апаратура, кажаа од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

    06.10.2023 16:18 | Оливера Пешевска

    Во кумановското јавно здравство има мал број на рентгенолози, анестезиолози, специјалисти по трансфузиона медицина, а воопшто нема торакален, васкуларен или неврохирург.

    Во јавното здравство фалат специјалисти и современа апаратура, кажаа од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

    Во однос на дијагностичките процедури нема магнетна резонанца, додека едниот апарат за компјутерска томографија е неисправен, поради што сите сме сведоци дека многу се чека на термин за преглед, и за дијагностика и кај специјалист“, кажа д-р Стефан Трајановски, специјалист по ортопедија во Општа болница Куманово, на синоќешната седница на централната здравствена комисија на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, која се одржа во Занаетчискиот дом, во присуство лекари од градот и од државата.Како регионален центар за Североисточниот регион во делот на секундарната здравствена заштита, Општата болница во Куманово ги покрива и општините Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково. 

    Трајновски смета дека со опфатот од близу 200 илјади жители мора да се заживее здрaвствениот систем во сите негови сегменти: примарниот, секундарниот и терцијарниот.

     „Функцијата на Општа болница Куманово е да го растерети терцијарниот- Клиничкиот центар Скопје, во поглед на опфат на соодветна патологија од секундарната здравствена заштита. Фокусот на мојата работа ќе биде да се наметнат проекти за проширување на здравствени услуги кои ги пружа и Општа болница Куманово и Здравствен дом Куманово т.н. Уред, во однос и на дијагностиката и во поглед на терапијата. Ќе се обидам да ги пополниме недостатоците во кадровските и техничките капацитети“, вели Трајановски.

     

    На седницата беше кажано дека со овој настан ВМРО-ДПМНЕ сака да порача дека здравствотот во Куманово не може и не треба да биде маргинализирано од централната власт. Намерата е да се поттикне стручната јавност да сугерира и да предлага програми и идеи, како и корективни мерки за здравствениот систем во Македонија.

    „Овој начин на работа го форсираме и стимулираме поради тоа што така добиваме најмногу и најблиски информации од терен, што точно се случува во регионите и градовите по прашањата на здравствениот систем. Комисијата за здравство е прилично активна во сите градови и се наметнува како коректор на актуелните политики во здравството и сето она што ние го сугерираме и наведуваме, практично го гледаме денеска во јавноста“, истакна д-р Игор Николов, претседател на комисијата.

    Николов смета дека има големи аномалии и деформитети во здравствениот систем, кои ги трпат пациентите, како што се во битолската болница, на онкологија, пациентите со дијабетис, ретки болести, цистична фиброза и др.