×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од Македонија годишно се иселуваат 12.000 луѓе

    15.12.2023 13:28 | Сузана Николиќ

    Проекциите на Државниот завод за статистика за населението во Македонија до 2070 година се многу негативни.

    Од Македонија годишно се иселуваат 12.000 луѓе

    Статистичарите со оваа проекција се обидуваат да апелираат до надлежните и да се носат стратегии базирани на податоци. Иселувањето е клучно за демографската иднина.

    Ако вака се продолжи, до 2070 Македонија ќе има 1,25 милиони население.

    „Резултатите од анализираните податоци од проекциите на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба доколку не се интервенира со соодветни решенија“, велат од Државниот завод за статистика чии податоци покажуваат дека годишно во просек околу 12 илјади лица се иселуваат од земјата. Освен со иселувањето, Македонија има проблем и со низок наталитет. 

    Статистичарите сметаат дека Македонија ќе треба да увезува работна сила, а најдоброто сценарио за излез од ваквата ситуација е интеграцијата во Европската Унија.

    Овие пресметки се прават според податоците од Пописот во 2021 година.