×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Македонија лани загинале 22 работници, 169 повредени - тројца од Куманово

    28.04.2023 22:39 | Сузана Николиќ

    Во 2022 година се случиле вкупно 169 несреќи при работа, а 22 од нив завршиле фатално, објави Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР),  по повод 28 април - Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа.  

    Во Македонија лани загинале 22 работници,  169 повредени - тројца од Куманово

    Но, според нив оваа бројка во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек според податоците на Институтот за Јавно здравје до 2020 година е некаде околу 1500 потешко повредени на годишно ниво.

    „Според податоците кои успеавме да си прибереме и систематизираме 22 потешки несреќи на работното место беа со фатални последици. Следбено на оваа бројка на загинати вработени, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,17 односно на секои 100.000 вработени, 3 вработени гинат на работното место во 2022 година. Оваа стапка на смртност, е во благ пад споредбено со претходната 2021 година, кога изнесувала 3.77“, соопштуваат од МЗЗПР.

    Кога, пак, како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2022 година изнесува 21,21, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат околу 21 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 16,97, стапката на повреди за 2022 е во благ пораст. 

     Во 2022 година најмногу несреќи имало во преработувачката индустрија 59, по што следи јавна управа и одбрана 27 и градежништвото 14. 

    Најголем број на несреќи кои резултирале во смрт има во дејностите на домаќинства како работодавачи 8, градежништвото 6 и преработувачката индустрија 3. Дејностите на домаќинства како работодавачи во голем дел ги опфаќаат земјоделските работи на своите имоти.

    „ Постои изедначеност на несреќите по денови. Затоа имаме несреќи при вршење дејност и во сабота и недела. При оваа анализа утврдено е дека најголем број смртни случаи имало во сабота 6, петок 4, четврток и недела по 3. Готово ист број смртни случаи, по 2 имало во првите три работни дена од неделата, а исто така голем број на повреди имало и во другите денови од неделата од кои предничат вторник со 42 и четврток со 41 повреди“, стои во извештајот.

    Според резултатите добиени од анализа на несреќите при работа, по месецот во кој се случиле, можеме да видиме дека најмногу несреќи се случиле во месец мај - вкупно 32. Во летните месеци се случиле најголем број на смртни случаи, месец јули со вкупно 6 е на врвот. Може да се забележи дека несреќите за кои во минатите години предничеа летните месеци, во 2022 година се во благ пад, но имало пораст во повеќето други месеци особено зима и пролет.

    Најголем број несреќи – 20, се случиле на лица на возраст помеѓу 45-54 години. Најголем број на несреќи со фатален исход - 8
    има во категорија од истата возраст од 55-64 години.