×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во март ќе започне реконструкција на патот Куманово-Војник

    10.02.2021 15:08 | KumanovoNews

    Реконструкцијата на магистралниот пат Куманово-Војник ќе започне наредниот месец, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид во рехабилитација на втората фаза од државниот пат Куманово –Страцин, кој дел од патниот правец на Коридор 8.

    Во март ќе започне реконструкција на патот Куманово-Војник

    Реконструкцијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидене да се работи на делницата долга 32 километри. Со тоа значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој патен правец.

    „Втората фаза се одвива непрекинато и очекуваме оваа година да биде завршена рехабилитацијата. Во однос на првата фаза од Куманово до с. Војник, веќе имаме избрано фирма изведувач, во фаза е изборот за надзор и очекуваме месец март да започне рехабилитација и на оваа делница, така да заедно со директорот целосно сме фокусирани на модернизација на овој Коридор”, изјави Бочварски.

    При посетата директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми потецираше дека од буџетот на ЈПДП се инвестираат 7,2 милиони евра за рехабилитација на втората фаза од овој патен правец.

     „Денеска сме овде да го проследиме прогресот во градежните активности кои се извршуваат на рехабилитацијата на државниот пат А2 делница Куманово- Страцин, втора фаза. Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри. Овој проект е финансиран од Буџетот на ЈПДП и неговата вредност е во висина од 7,2 милиони евра. Конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од овој регион и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фреквенција на тежок соообраќај”, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта.

    Вкупните средства планирани за доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 надминуваат 700 милиони евра, а само на источниот крак од овој Коридор, се инвестираат околу 100 милиони евра.

    (С.Николиќ)