×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во населбата Карпош да се изгради зелен пазар, предлага советникот Петковски

    17.06.2021 07:23 | KumanovoNews

    Населбата Карпош да добие уреден зелен пазар, за да се отстранат камионите кои нелегално прадаваат овошје и зеленчук на раскрсницата на влезот на населбата, предложи советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски.

    Во населбата Карпош да се изгради зелен пазар, предлага советникот Петковски

    Тој вели дека продавачите на „дивиот пазар“ немаат елемантарни услови за работа, нивните возила се на улица и ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а не се запазени ни хигиенско-техничките услови за работа со храна.

    Иако повремено се преземаат одредени мерки за отстранување на камионите тие набрзо се враќаат и продолжуваат со работа.

    „Ова покажува дека во овој дел на градот, како и на населението кое секојдневно поминува на оваа раскрсница, кон другите населби и општината Старо Нагоричане е потребен пазар. Затоа ве прашувам дали е во план изградба на пазар во населбата Карпош, бидејќи станува збор за многу голема населба“, праша Петковски.

    Градоначалникот Максим Димитриевски одговори дека идејата е добра и треба да се размисли за неа, па доколку ЈП „Пазаришта“ има интерес и можност да ги прошири своите капацитети, тој ќе ја поддржи.

    „Треба да се најде атрактивна локација и може да работиме на тој проект. Искуството покажува дека истурените пазари работат нерентабилно, но доколку советот даде одобрение ние ќе работиме на случајот“, кажа Димитриевски.

    Тој додаде дека инспекциските служби редовно излегува на терен и ги казнува продавачите на т.н. „диви пазари“, но побара поголема соработка со МВР за да се реши проблемот.

    (С.Н.)