Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во деновите на велигденските празници јавниот превоз ќе биде редуциран, односно ќе функционира само два дена.
Во петок и сабота ќе има редовен јавен линиски превоз на територијата на Општина Куманово, а во понеделник бидејќи е државен празник автобусите нема да сообраќаат.
„Утре, ќе се вози по сите линии и сите термини по распоредот за јавен линиски превоз. Недела и понеделник се неработни денови, па автобусите нема да сообраќаат“, соопштуваат од Диспечерскиот центар.
За наредниот петок, државен празник Рамазан Бајрам, се очекува да не се одвива јавниот превоз затоа што и овој ден е државен празник и неработен ден.
За разлика од Куманово, во ЈСП Скопје за викендите и за време на празниците јавниот превоз се редуцира, односно се воведува викенд и празничен возен ред.