Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четиристотини стебла марихуана запленила полицијата сабајлево во домот на И.З.(43) од селото Отља, Липковско. Тој одгледувал Канабис Сатива во дворот, а во куќата го сушел и пакувал.
По налог за претрес од Основниот суд Куманово во дворното место биле пронајдени и подигнати 395 растенија од непознато потекло и рефус непозната растителна материја сместена во количка, додека во потпокривот од куќата се пронајдени две најлонски кеси со исушена непозната растителна материја, други спремни за сушење, како и една дигитална и рачна вага.
Под сомнение дека пронајдените насади потекнуваат од растителниот род Канабис Сатива истите се подигнати од местото на настанот односно искорнати од земја и предадени на вештачење во Крим техника при МВР.
И.З. е приведен во СВР Куманово и се работи на расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ова е втор случај годинава во реонот на село Отља да се откријат насади од Канабис. Пред неколку месеци на државно земјиште беа соберени и уништени околу триста стебла од растението. До сега полицијата нема сознание за тоа, дали некој го одгледувал и дали дрогата одела во продажба.