Во петок матурантите играат Квадрил
15.05.2013 08:05
| KumanovoNews
Кумановските матуранти во петок напладне ќе танцуваат на Градскиот плоштад на музика на Јохан Штраус.

Со кореографија матурантите ќе го прослават завршувањето на средното образование како што тоа го прават нивните врсници во многу европски градови. Во Куманово матурантите неколку години по ред танцуваат квадрил. Специфично е тоа што сите матуранти играат во ист ден во исто време - вели Жика Крстевски, раководител на секторот за култура во Општина Куманово.
Настанот е под покровителство на локалната самоуправа.