Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две вооружени лица, облечени во полициска униформа денеска напладне ја ограбиле Штедилницата „MAK БС„ во центарот на Куманово.
Разбојништвото се случило во 12.45 чсот, кога во штедилницата немало никој, освен вработениот. Крадците со пиштол во рацете му се заканиле дека ќе го убијат ако не им ги даде парите, а потоа го испарскале со спреј по лицето. Тој успејал да го активира алармот, но крадците биле побрзи од обезбедувањето и побегнле со автомобил. Не е познато колку пари се украдени. Грабежот го регистрирале видео-камерите во штедилницата.
Полицијата изврши увид, и работи на откривање на сторителите.