×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Рамстор Куманово хуманитарна акција за помош на настраданите од земјотресот во Турција

    08.02.2023 13:43 | Жаклина Цветковска

    Во маркетот на Рамстор Куманово од денеска се поставени кутии за донација за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Турција.

    Во  Рамстор Куманово  хуманитарна акција за помош на настраданите од земјотресот во Турција

    Хуманитарната  акција ја организира Меѓународниот балкански универзитет во соработка со ланецот на маркети на „Рамстор” , меѓу кои и продажниот простор во Куманово.  Акцијата вклучува собирање помош во облека, постелнина, средства за хигиена и храна. 
    Граѓаните од Куманово,  кои сакаат да ја искажат својата солидарност со настраданите од погодените подрачја во Турција,  ќе можат да ги остават своите донации во обележаните кутии од денеска па сѐ до петок, 10 февруари, до 22:00 часот.
    Она што се препорачува како донација бидејќи во моментов е неопходно за преживеаните од регионот се: ракавици, капи,шалови, јакни, чизми, хигиенски средства за чистење, хигиенски влошки, пелени, храна забебиња, влажни марамици, перници, јоргани, ќебиња, конзервирана храна и слично.
    Донацијата ќе биде доставена до Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција(АФАД).