×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во расадникот на “Шумско“ произведена семенска пауловнија

    23.04.2015 10:43 | KumanovoNews

    Во расадникот на „Шумско стопанство“ Куманово, лани е произведена семенска пауловнија, која ќе биде дистрибуирана во други расадници во земјава каде и одговара климата.

    Во расадникот на “Шумско“ произведена семенска пауловнија

    Се работи за 5000 садници семенска пауловнија, која се разликува од увезената и ќе биде исклучиво за еколошка намена.

    Пауловнијата ќе биде однесена во четири расадници на “Македонски шуми“ во јужните делови на Македонија, каде има поблага клима. Овие садници ќе бидат исклучиво за еколошка намена, и тоа за засадување на Ден на дрвото, прочистување на воздух, разубавување на простор и слично. Во зима бидејќи имаше ниски температури и до -15 степени, моравме соодветно да ја заштитиме пауловнијата - рече Весна Темелковска, шумарски инженер и шеф на расадник во „Македонски шуми“.

    Пауловнијата е листопадно дрвенесто растение, со потекло од југоисточна Кина.