Во Режановце се поставуваат цевки за канализација
11.06.2015 14:26
| KumanovoNews
Во селото Режановце почнаа да се поставуваат цевки за изградба на канализација под пругата.

Откако завчера мештаните ја блокираа изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, вчера е постигнат договор со фирмата подизведувач и Македонски железници.
Ние купивме цевки во должина од 42 м и заштитна цевка, а тие набавија цевки во должина од 50 м и работат. Ако запрат со работа, ние ќе го активираме протестот и нема да дозволиме да градат - вели Зоран Крстевски, претседател на месна заедница во село Режановце.
Крајна цел на мештаните е селото после долги години да добие канализација. Режановце има 200 куќи во кои живеат 1000 жители.