Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И оваа година традиционално по осми пат на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи маскенбал „Батко Ѓорѓија 2011„.
Учество ќе земат дечиња од градинките,ученици од основните и средни училишта, членови на здруженија на граѓани, невладини организации, културно уметнички друштва и други поединци и групи граѓани.Во ревијалниот дел ќе настапат маски од струмичкиот карневал.
Пријавени се околу 3000 поединечни и гтупни маски, кои ќе направат прошетка низ улиците на градот, покажувајќи ги своите маски. За најдобрите маски ќе има и награди за поединечни и групни маски, а ќе биде организирана и богата културно уметничка програма. Кумановскиот маскенбал има тенденција да од наредната година прерасне во карневал.Почетокот е закажан во 11.00 часот и затоа ги повикуваме граѓаните маскирани да ни се приклучат на Денот под маска, како што тоа го стрија за 1 април - вели Жика Крстевски, раководител на Секторот култура.
Маскенбалот се одржува под покровителство на градоначалникот и советот на Општина Куманово.