Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жители на кумановските села куќите и помошните објекти ги градат без да извадат одобрение за градба.
На ваков начин ризикуваат да претрпат голема штета со тоа што дивоградбата ќе им биде урната. Оваа појава е присутна во повеќето села. Досега педесетина луѓе го прекршиле законот и ќе сносат последици.
Поднесуваме кривични, прекшочни пријави. Казните се огромни, па може да се изрече и казна затвор. Ако почнале, а градбата е на почеток во фаза на ископ, инспекторите ги советуваат и упатуваат луѓето да извадат дозвола. Ако е градбата готова, се изготвува решение за уривање. Не се работи за неинформираност, но едноставно луѓето сметаат дека нив дозвола не им треба, дека земјиштето е нивно и можат да прават на него што сакаат - рече Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.
На сопствениците на бесправно изградените објекти им се дава рок до кога треба да ја урнат градбата. Ако тие не ја завршат оваа обврска, дивоградбата ја урива општината.