×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во семејна расправија го застрелал братот

    06.07.2010 15:13 | KumanovoNews

     Евзи Селахи (50) од селото Опае утрово се здобил со прострелана рана во колкот откако во него пукал неговиот помлад брат Ељхан (38). Повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување и се наоѓа вон животна опасност.

    Во семејна расправија го застрелал братот

     Инцидентот се случил околу 8 часот во м.в. Апостолска маала,во селото Опае кога двајцата браќа се скарале поради семејниот имот. Во еден момент расправијата прераснала во тепачака, по што постариот брат тргнал накај дома и почнал да фрла камења кон помалиот брат. Овој прво му возвратил, а потоа извадил пиштол што го поседувал без дозвола и почнал да пука кон него. Испукал три куршуми и го погодил во левиот колк, па со својот автомобил побегнал во непознат правец.  

    Случајот во полиција го пријавила ќерка на повредениот, која кажала дека чичко и пукал во нејзиниот татко.

    Увид на лице место извршиа полициско-судски екипи кои пронашле две чаури и траги од крв кои се дадени на вештачење.

    Полицијата трага по Ељхан, кој инаку и е познат извршител на кривични дела убиство во обид, телесни повреди и тешки кражби.

    Пред два месеци е убиен најмладиот брат Шериф Салахи, кој беше пронајден во нива со жито во селото Ропаљце. Како причина за убиството се наведуваа нерашчистени должничко-доверителски односи со друго семејство од Ропаљце. Убиецот Р.Ј. е приведен во полицијата.