×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВO СЕВЕРОИСТОКОТ ЌЕ ПОПИШУВААТ 398 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И 42 РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

    27.02.2021 08:05 | KumanovoNews

    Во Североисточниот регион ќе бидат ангажирани вкупно 398 попишувачи и 42-ца реонски инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите.

    ВO СЕВЕРОИСТОКОТ ЌЕ ПОПИШУВААТ 398 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И 42 РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

    Најмногу реонски попишувачи ќе има во Куманово, заедно со Старо Нагоричане, вкупно 258, од кои 164 треба да бидат Македонци, 60 Албанци, 22-ца Срби, 9 лица од ромска и 2 лица од турска националност. За овој пописен реон предвидени се и 26 реонски инструктори.

    Во Липково ќе бидат ангажирани 49 попишувачи, сите од албанска националност, како и 5 реонски инструктори.

    Во Крива Паланка и Ранковце ќе има 62 лица што ќе попишуваат и тоа: 56 Македонци, 3-ца Турци, 2-ца Роми и еден Србин, како и 6 реонски инструктори.

    Во Кратово пописот ќе го спроведуваат 29 лица од кои 27 ќе бидат Македонци, а ќе има и по еден Турчин и Ром. Во овој пописен реон ќе се ангажираат и 5 реонски инструктори.

    Како кај попишувачите, така и при изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон.

    Пријавувањето на заинтересираните лица завршува денеска, а дополнително ќе се спроведе и тестирање во седиштата на комисиите на пописните реони.

    Лицата што ќе бидат ангажирани за спроведување на пописот треба да се невработени и да имаат завршено најмалку средно образование.

    Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се спроведе во периодот од 01-21.04.2021 година.

    (Ж.Ц.)