Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дечињата од големата група од градинката „Синоличка„ денеска прославија миниматура. На приредбата по тој повод, во дворот на градинката пред своите родители, дечињата покажаа што научиле од своите воспитувачки и негователки.
Во нашата градинка традиционално неколку години на крајот од учебната година правиме свечена мини забава за нашите миниматуранти.Големата група од градинката на свечен начин ќе го крунисаат своето неколкугодишно посетување на градинката, бидејќи за неколку месеци ќе заминат во училиште. Се организиравме со многу активности за кои ни помогнаа и родителите, како ште е декорацијата на просторот, тортата, а беа и спонзори на многу работи кои ни беа неопходни за прославата да биде незаборавна - рече одговарната воспитувачка Слаѓана Арсовска.
Дечињата беа презадоволни од приредбата и возбудени што ќе се збогуваат со градинката и ќе продолжат во училиште, но и учителките не ги криеа своите емоции.
Со длабоки емоции го доживувам овој ден, не само затоа што денеска е најсвечениот ден во градинката, туку и затоа што ова е и првата моја група во моето работно искуство за која јас издејствував да завршат од почеток до крај и затоа сега сум можеби повозбудена од сите мои колешки тука - рече виспитувачката Билјана Чунгурски.