Во Старо Нагоричaне се пошумуваше Гол Рид
04.12.2014 11:04
| KumanovoNews
Есенската акција Ден на дрво - засади ја својата иднина, вчера се одржа и во општината Старо Нагоричане.

Градоначалник Милован Стојковски, советниците, општинската администрација и учениците од основните училишта пошумуваа на место викано Гол Рид во Старо Нагоричане.
Ние секоја година се вклучуваме во акцијата и даваме свој придинес во пошумувањето. Масовно се вклучија и учениците и професорите од училиштата во Старо и Младо Нагоричане и Драгоманце. Овој пат садевме црн бор и смрека,- вели градоначалникот Милован Стојковски.
Во акцијата се пошумени 54 хектари оголено земјиште.