Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ во селото Старо Нагоричане денеска беше одбележан училиштиот прзник „Свети Сава“, кој воедно е национален празник на Србите во Македонија.
На училишната приредба настапија ученици од драмската и рецитаторската секција, како и играорната група. Пред присутните гости се обрати директорката на училиштето Маја Марковиќ.
„Воспитувањето, традицијата и знаењето отсекогаш биле важен дел за секое дете. Денеска кога сме опкружени со електорнски и дигитални средства, кога се ни е достапно, и се поместуваат границите на културата, воспитувањето и традицијата, наставниците имаат поголема одговорност да ги сочуваат вредностоите на кои не учеше Свети Сава. Водејќи се од традицијата на училиштето на овој ден се потсетуваме на учењето и мудроста на Свети Сава, а учениците и наставниците преку рецитали и драматизација ќе ни претстават дел од неговиот живот и учење“, кажа директорката Марковиќ.
На прославата присуствуваа гости од повеќе институции, Општина Старо Нагоричане, наставници, соработници, родители и деца.