×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

    27.02.2023 12:11 | Сузана Николиќ

    Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

    Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

    Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

    • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);

    • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);

    • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и

    • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

    Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 февруари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.