×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

    30.01.2023 08:59 | KumanovoNews

    Министерството за труд и социјална политика(МТСП) известува дека од денеска (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. 

    Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

    Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

        За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник);
        За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник);
        За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и
        За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.02.2022 година (четврток).

    Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 јануари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.