Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Веќе десет дена трае огласот за вработување на 12 државни службеници во Општина Куманово.
Локалната администрација ќе биде зајакната со осум помлади соработници, двајца самостојни референти, еден виш соработник и еден советник.
Тие ќе извршуваат задачи на работните места: помлад соработник за безбедност при цивилна заштита и спасување и управување со кризни состојби, самостоен референт за администрирање на плати и надоместоци, виш соработник за административна поддршка во утврдување на данок, советник даночен извршител, помлад соработник за поддршка при контрола на проценка на недвижен имот, помлад соработник за заштита и спречување на загадувањето на земјиштето, двајца помлади соработници за култура, помлад инспектор за патен сообраќај, самостоен референт за административни работи за подготовка на проектна документација, двајца помлади соработници за аналитика на локален економски развој.
Нововработените ќе се распоредат во секторите за правни работи, финасии, даноци и такси, заштита на животна средина, инспекциски надзор, урбанизам, култура, меѓународна соработка и економски развој.
Платите ќе бидат во зависност од позицијата, и ќе се движат од 19.363 денари , 23.842, 23.817, 26.274 и 28.125 денари.
Според годишниот план за вработување во 2023 година на конкурсот е предвидено да се вработат 11 Албанци и еден Македонец.
Јавниот оглас е објавен на страницата на Агенцијата за администрација.
За повеќе информации на следниов ЛИНК