Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска извршија увид во градежните работи на реконструкција на спортскиот комплек „Соколана“.
„Благодарение на помошта од Агенцијата за млади и спорт и Владата, која обезбеди 7 милиони денари отпочна првата фаза за реконструкција на спортско културниот центар Соколана. Работите одат со одличен интензитет и верувам дека рокот којшто е предвиден од 10 месеци ќе биде скратен на некаде 5 до 6 месеци и во средина на пролетта ќе можеме да користиме дел од овој комплекс“, потенцираше Димитриевски.
Тој истакна дека во финална фаза е изработката на проектот за реконструкција за кровната конструкција, по што ќе започна имплементацијата на втората и третата фаза за реконструкција на фасадата и внатрешното уредување на објектот.
„Се надевам дека во овој состав и со уште многу повеќе присутни овде, ќе успееме веќе следната година официјално да го ставиме ова место таму кадешто припаѓа. Да биде споменик на спортот и културата на градот“, рече Димитриевски.
Спортските ветерани на Куманово, на Димитруевски и Мојсовски им подарија топки, во знак на благодарност за целокупниот ангажман и активности за заживување на овој спортско културен центар.