×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Турција е уaпсен Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања

    06.12.2023 08:37 | Сузана Николиќ

     Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, вчера е уапсен од турската полиција во градот Баликесир. При апсењето бил сам и не пружал отпор, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција.

    Во Турција е уaпсен Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања

    „Во  Турција е пронајден и лишен од слобода и главниот креатор, планер, координатор и директен извршител на неколкуте кривични дела поврзани со монструозното двојно убиство во Скопје и во Велес. Тоа беше и последната алка од овој грозоморен чин, која ни недостигаше за да кажеме дека сме завршиле сѐ што беше во надлежност на МВР сосема да ги разобличиме сторителите на ова свирепо двојно убиство, кое длабоко нѐ потресе сите, од најмладо, до најстаро“, кажа Спасовски. 

    Палевски во Турција стигнал преку Бугарија, од Србија. До Белград со возило го однел неговиот адвокат, а оттаму до Турција друго лице.

    Министерството за правда треба да започне постапката за определување на екстрадиционен притвор, по што лицето ќе биде спроведено во нашата држава, а потоа и изведено пред лицето на правдата. 

    „Инаку кривичната пријава против петте лица е веќе изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доказите приложени во неа и предадена на Основното јавно обвинителство.  Со неа се опфатени пет лица, од кои еден за грабнување и за убиство, тројца за грабнување и за соизвршителство при убиство и еден за помагање при грабнување, предвидени со нашиот Кривичен законик, кои се осомничени согласно доказите кои полицијата ги прибра во предистражната постапка“, кажа Спасовски.