×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Умин Дол се слави Свети Никола Летен

    22.05.2015 11:38 | KumanovoNews

    Жителите на кумановското село Умин Дол денеска ја слават селската слава Свети Никола Летен.

    Во Умин Дол се слави Свети Никола Летен

    Утрово сечеа славски колач, и запалија свеќи за здравје и среќа во црквата Свети Никола Летен. Мештаните раскажуваат дека оваа слава кај нив има традиција од над 90 години. Се надеваат дека празникот ќе им донесе благосостојба и со божја помош на 21 септември планираат да ја осветат црквата, која со донации и самопридонес почнале да ја градат во 2002 година.

    “За мене ова е благодет. За мене ова многу значи, за здравје, за среќа за се. Ова ми е прва година како сум кум. Оваа традиција е 90 години, не е од вчера. Нашето мото е љубов, почитување, слога. Гости денеска ќе има, ние сме подготвеник“ - вели Љубиша Митровски, кум.

    Селото има 170 куќи, од кои 108 се постојано населени  и има повеќе од 300 жители.

    “Сите куќи слават. Селска слава ни е. Градоначалникот ни даде ѕвоно за црквата, а другото сме давале кој колку има. Ние сме со мешано православно население, Македонци, Срби, има и Црногорци, но сите живееме како едно„- рече Милорад Поповиќ, од црковен одбор во Умин Дол.

    Поповиќ вели дека селото се соочува со повеќе проблеми, како што е лоша инфраструктура, немање на водоводна и канализациона мрежа и се надеваат дека надлежните ќе им помгонат бидејќи селаните не планираат да го напуштат селото.