×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во верските објекти за време на молитва да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, бара Кризниот штаб

    20.04.2021 14:06 | KumanovoNews

    Општински штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од верските заедници да влијаат на граѓаните кои одат на молитва во верските објекти за време на прзаниците да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

    Во верските објекти за време на молитва да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, бара Кризниот штаб

    „Препорака до сите верски заедници на територија на Општина Куманово е при извршување на верските церемонии и групирање на граѓани во верските објекти да се почитуваат препораките: носење на заштитна опрема, држење на дистанца од 2 метри, задолжително користење на средства за дезинфекција и мерење на температура на сите лица кои влегуваат во објектите. Дополнителен апел до сите граѓани за почитување на мерките за движење во период на полициски час, не групирање на јавни прометни површини и зелени паркови и други локации во градот и сведување на контакти на минимум“, соопштуваат од Кризниот штаб.

    Општинскиот штаб за заштита и спасување бара од Министерство за здравство да организира итна и континуирана имунизација на вработените лица во здравствените установи на територија на Општина Куманово, како и на припадниците на ТППЕ Куманово, во најкус можен рок, како приоритет, поради високиот степен на изложеност од страна на овие лица и можен контакт со вирусот и носители на вирусот.

    Од ЈП „Пазаришта“ Куманово, се бара да обезбеди услови за непречено работење на сите пазари на територија на Општина Куманово, како и да се врши контрола на мерките и препораките за заштита донесени од страна на Влада на Република Северна Македонија и доколку се примети непочитување, да се побара помош од МВР.