Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Општинската изборна комисија денеска и официјално потврдија дека во вториот круг од гласањето, на 7 април за позиција градоначалник ќе се бира меѓу кандидатите Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Дамјановски од СДСМ.
Во вториот круг влегуваат Зоран Ѓорѓиевски од Коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ кој има тесно водство пред Зоран Дамјановски од коалицијата Сојуз на иднината. Изборите завршија фер и демократски во првиот круг. Приговори и забелешки немаше од ниту една партија. Очекуваме изборите да бидат фер и во вториот круг- вели Виолета Арсовска, претседател на ОИК.
ОИК до среда ќе ги прима барања за гласање на болни и изнемоштени. А во сабота ќе гласаат и затворениците. Овојпат нема да гласаат раселените лица, бидејќи трката за градоначалник за Липково е завршена. Материјалот за изборите ќе пристигне во текот на неделата, а недоверливиот материјал, кутии и паравани што се користеа во првиот круг ќе се користат и за вториот.
На гласачкото ливче Зоран Дамјановски останува под број 42, а Зоран Ѓорѓиевски под број 19.