×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во вторник второ авионско прскање против комарци

    14.07.2023 09:05 | Сузана Николиќ

    Во вторник, на 18 јули, во раните утрински часови / 05:00 до 08:00 / на територијата на Општина Куманово ќе се изврши второто авионско прскање против возрасна форма на комарци. 

    Во вторник второ авионско прскање против комарци

    „Ќе биде опфатена површина од 1000 хектари и тоа од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка, па се до свињарска фарма во с.Речица, течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во с.Бедиње, населба Долно Којнаре, градот Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото, Менкова колиба, Бабин Дол и на потегот до кланица во Добрашане“, соопштуваат од Општина Куманово. 

    Оттаму ги предупредуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.