×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во земјава се регистрирани 863 жртви на семејно насилство, 669 се жени, а останатите се мажи

    06.12.2022 21:03 | Оливера Пешевска

    Oд јануари до септември годинава во земјава се регистрирани 863 жртви на семејно насилство, од кои 68 проценти се жени, а останатите се мажи. 

    Во земјава се регистрирани 863 жртви на семејно насилство, 669 се жени, а останатите се мажи

    „Од вкупниот број 669 се сопруги, вонбрачни сопруги, мајки или ќерки, кои трпат физичко, психичко или економско малтретирање. Останати пријави за насилство се врз мажи. За сексуално насилство, како најтешки облици на насилство годинава има 35 кривични дела со обљуба, намамување на обљуба или друго полово дејствие- пријавени се 26 дела, од кои 25 од жени, а 17 од нив се малолетни девојчиња“, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибината „Заедно против семејното насилство“, која ја организираше Форумот на жени на СДСМ Куманово.

    Спасовски истакнува дека семејното насилство тешко се превенира и открива од полицијата, затоа што спаѓаат во зона на приватност, присутен е страв од неприфаќање на жртвата од околината, а исто така постои и срам  и економска зависност.

    „Унапредување на капацитетите, институционални и вонинституционални, со сите аспекти на заштита на жените или девојчињата, превенирање на родово насилство и злоупотреба и санирање на последиците е она на што мораме да се насочиме. Стандарди и стандардни оперативни процедури со широк спектар на активности, идентификација и управување со ризици и обезбедување на жртвата во сите фази на полициското постапување се нашата главна обврска. Институционална поврзаност за сите етапи на делување. Отвореност, подготвенот и решителност во спротиствавување на овој чуствителен сегмент“, кажа во своето излагање Спасовски.

     

    Во земјата оостојат шелтер центри на Министерството за труд и социјална политика и од невладиниот сектор, кои активно учествуваат во згрижување на жртвите. Во центрите со нив работат психолози, психијатри и советнци кои се обидуваат иднината на овие жени и девојчиња да ги постават на посигурни и побезбедни нозе, како социјално така и да стекнат економска самостојност, беше кажано на трибината на која говореа и Соња Тодоровска, Марјан Спасовски, Лидија Илиевска и Емилија Стојковска.

    Пораката што заедно ја испратија е дека нема оправдување за какво било насилство врз жените.Заложбите на Форумот на жени на СДСМ Куманово се за градење на фер, праведно и безбеднои општество базирано на принципите на родова еднаквост во секој сегмент од живеењето.