×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водата во пречистителна станица е само обоена, не е токсична, кажа директорот Стојмановски

    24.02.2023 15:50 | Сузана Николиќ

    Отпадната вода со црвена боја која завчера ja замати пречистителната станица во Куманово, била само обоена, но не и токсична, покажале резултатите од анализата на примероците вода земени на влез и излез од станицата. 

    Водата во пречистителна станица е само обоена, не е токсична, кажа директорот Стојмановски

    Директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски вели дека по извшениот увид и врз основа на добиените лабораториски резултати констирано е дека водата ги задоволува пропишаните параметри, и дека се работи само за обојување, но не и за зголемена токсичност на влезната канализациска вода во пречистителната станица. 

    „Ваквата појава е резултата на несовесни граѓани или претпријатија, ние немаме никакво влијание за тоа што ќе дојде до станицата. Апелирам до граѓаните и особено индустриските капацитети, кои поседуваат интегрирана еколошка дозвола имаат обврска да ја обработат водата, која што ја користат во процесот, и оние остатоци од преработката, на пример како што е крв, млеко и вино, не треба да се испуштаат во канализационата мрежа, затоа што пречистителната станица не е проектирана за прочистување на ваквите појави“, кажа Стојмановски. 

    Обоената вода во пречистителаната станица беше забележана завчера, по што се напрaвени вонредни инспекциски контроли и се работи на откривање на сторителот.