×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Волонтери од ЦИД на размена во Виетнам

    15.09.2015 12:36 | KumanovoNews

    Млади активисти и лидери од Центар за интеркултурен дијалог,  се на двонеделна студиска размена во Виетнам во рамки на програмата Еразмус Плус.

    Волонтери од ЦИД на размена во Виетнам

    Размената ја организира Солидарите Жунес Виетнам и Информаџовани Италија и на истата  размена, покрај младите од Македонија учествуваат и млади лидери од Италија, Хрватска и Виетнам.

    За време на размената ќе се спроведат активности за интеркултурно учење и развивање на предлози за соработка. Ова за младите од Куманово ќе биде ново искуство да се работи директно во граѓански центри во Виетнам каде ќе организираат работилници за неформално учење - велат од ЦИД.

    Во рамки на размената ќе се организираат и посети на заливот Халонг кој е заштитен од УНЕСКО и градовите Халонг и Ханои.

    Како дел од истата програма, ЦИД ќе биде домаќин во Македонија на млади од Шпанија и Хонг Конг наредната година.