×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вонредна седница на Советот на Општина Куманово за доделување помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

    07.02.2023 14:54 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред - доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

    Вонредна седница на Советот на Општина Куманово за доделување помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

    Предложено е висината на помошта да изнесува 1 милион денари, кои ќе се обезбедат од тековните резерви на буџетот.

    „Од средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година, од Програмата АОО – Совет на Општина Куманово, ставката 413 – Тековни резерви (разновидни расходи), да се исплатат парични средства во износ од 1.000.000 денари, со намена - помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија кој се случи на 06 февруари 2023 година.
    Средствата во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави“, стои во Предлог- Одлуката  до Советот.

    Повеќе градови од земјава веќе определија помош во пари, материјални средства и луѓе, а дел од нив и веќе тргнаа кон погодените подрачја. Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) побараа сите општини да испратат помош за Турција.