×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Загина возач на „голф“, удрил во столб на патарината Романовце

    09.03.2023 09:32 | Сузана Николиќ

    Возач на автомобил го загуби животот откако удрил во столб на наплатната рампа Романовце на автопатот Куманово-Скопје . Сообраќајната несреќа се случила утринава околу 3.30 часот.

    Загина возач на „голф“, удрил во столб на патарината Романовце

    Во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје - Куманово, патничко возило „фолксваген голф“  со скопски регистарски ознаки,   управувано од Д.Ф. (24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. 

    „Притоа на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти Полицијата.

    И од Територијалната противпожарна единица информираат дека ноќеска имале техничка интервенција на вадење лице од автомобил на тешка сообраќајна несрека во период од 03.35 до 04.15 часот. 

    „Несреќата се случила кога патнички автомобил марка „голф“ со голема брзина удрил во бетонска ограда на патарината Романовце на патниот правец Куманово – Скопје.  Возачот на автомобилот се здобил со тешки повреди и починал на лице место“, стои во информацијата.