×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возачките дозволи со старото име ќе важат до крајот на годината, Собранието ги усвои измените на законот

    12.02.2024 16:47 | KumanovoNews

    Собранието попладнево ги усвои законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои наместо до вечерва на полноќ, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе може да се заменат до 31 декември 2024.

    Возачките дозволи со старото име ќе важат до крајот на годината, Собранието ги усвои измените на законот

    Според измената во Членот 5 на Законот, „Возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот ‘Република Македонија’ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 31 декември 2024 година“.

    Законските измени се на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов, а на 114 пленарна седница беа поддржани од сите пратеници присутни во салата, односно со 89 гласа „за“ и без ниеден „воздржан„ и „против“.