×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возачот кој усмрти пешак на „Трета МУБ“ возел под дејство на алкохол, соопшти Обвинителството

    30.07.2021 12:01 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за сообраќајната незгода што се случи на 28. јули на бул.„Трета МУБ“ во Куманово. Во сообраќајката патничко моторно возило Форд Фиеста удри во тројца пешаци, при што едно лице го загуби животот, а две лица се со здобиени телесни повреди.

    Возачот кој усмрти пешак на „Трета МУБ“ возел под дејство на алкохол, соопшти Обвинителството

    „Дежурниот јавен обвинител презеде дејствија во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Повикано е вешто лице од областа на сообраќајот да присуствува на увидот на лице место, издадена е наредба за проверка на количина на алкохол во крв и урина на осомничениот и на двајцата оштетени со задобиени телесни повреди. Извршено е алкотестирање со помош на алкомер “Дрегер” на возачот, при што е констатирано присуство на алкохол во организмот од 1,41г/кг. Направен е преглед на видео записи од камери поставени во близина на случената сообраќајна незгода. Едновремено обвинителството издаде наредба за обдукција на починатото лице. На местото на несреќата извршено е фотографирање и скицирање, издадена е наредба за да се изврши вонреден технички преглед над возилото, како и фиксирање на сите пронајдени траги и предмети, нивно подигање од крим техника“, соопштува Обвинителството.

    Јавниот обвинител издал наредба за одземање на видео записот од објект поставен во близина на случената сообраќајна незгода, извршил испитување на двајцата оштетени во својство на сведоци, како и на осомничениот.

    „Првичните сознанија на обвинителството укажуваат дека осомничениот, 70 – годишен жител на Куманово, не се придржувал кон прописите во сообраќајот и  видно под дејство на алкохол од 1,41 г/кг го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на  починатото лице и оштетените. Откако управувајќи со возилото се движел по патот без да посвети внимание на пешаците кои стоеле на коловозот до возилото кое било паркирано на десната сообраќајна лента, осомничениот со предната десна страна од патничкото моторно возило удрил во пешаците“, стои во соопштението.

    Поради стореното, обвинителството поведе постапка против осомничениот за едно кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, на осомниченото лице му е определена мерка куќен притвор во траење од 8 дена.​