×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возел со 222 км на час на автопатот Куманово - Велес

    08.09.2022 19:48 | Сузана Николиќ

    Полициска радарска контрола регистрирала возач како вози со 222 километри на час по автопатот од Куманово кон Велес. МВР сподели со медиумите фотографија направена од екранот на радарот. 

    Возел со 222 км на час на автопатот Куманово - Велес

    Во денешната сообраќајна контрола во периодот на контролите од 9 до 16 часот казнети се вкупно 90 возачи, кои се движат со брзина поголема од дозволената.

    Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

    „Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.